Хијалуронски филери за усни

861

Во некои научни истражувања се потврдува фактот дека на почетокот на разговорот, луѓето прво ги забележуваат усните и очите на лицето на соговорникот, а при продолжување на разговорот, најголемо внимание се посветува на усните и фокусот останува на усните. Затоа усните се важен дел од лицето и затоа им се дава толкаво внимание во модерниот свет и естетиката и постојано се истакнуваат.

Соодветно на тоа, сé поголем број на клиенти се решаваат за зголемување и контурирање на усните, со цел да добијат колку што е можно поубав и поженствен изглед. Овој тренд е во сите генерации и нема никаква врска со годините. Зголемувањето на усните може да се направи во секое време.

Трајни филери, да или не?

Не! Краток одговор и многу јасен. Трајните филери се супстанции непознати за нашиот организам, тие се туѓи, а реакцијата на ткивото на трајните филери може да биде драматична. Реакцијата на ткивото може да биде во однос на појавата на нодули или грануломи. Нодули, испакнатини, се случуваат во првите неколку месеци од поставувањето на трајниот филер, и грануломите по неколку години. Грануломите претставуваат природна одбрана на нашето тело на страно тело. Сето ова води кон деформитет на усните и лошиот изглед на истото. Таквите компликации најчесто се решаваат со помали или поголеми оперативни зафати.

Зошто хијалуронски филери?

Бидејќи хијалуронска киселина е природна супстанција која нормално постои во нашето тело и чија концентрација се намалува со текот на годините. Со техниката на проширување на усните со хијалуронски филери, ние само го компензираме нејзиниот недостаток. Со овие филери, ризикот од компликации се сведува на минимум. Хијалуронските филери се лесни за манипулација и дизајн. Дури и ако некој е незадоволен од изгледот, ефектот не е траен, бидејќи секој филер на хијалуронска киселина трае помеѓу 6 месеци и една година. Исто така, со правилно работење и пред сè со добар однос помеѓу лекар и пациент, компликациите во поглед на лошиот изглед се сведени на минимум.

Колку време траат хијалуронските филери?

Премиум класа филери може да траат и до 1,5 година, но филерите обично траат помеѓу 6 и 12 месеци. Сепак трајноста на секое на полнење зависи од специфичноста на пациентот, слободната концентрација на хијалуронидаза (ензим кој нормално постоји во секое тело, и кој ја разложува хијалуронската киселина) во телото, и слични фактори. Исто така, трајноста зависи од техниката на аплицирање и длабочината на која се вбризгува филерот.

Кога треба да се пополнат усните?

Најлесен одговор е кога Вие ќе ја почувствувате потреба. Со филерите со хијалуронска киселина лесно се маневрира, добри се за облиување. На пример, сега сакате убава контура, следниот пат сакате повеќе волумен, тогаш ќе имате и поинаква форма, итн итн .. Многу зависи од вашите желби. Сепак, предупредуваме да не бидете нерамномерни. Најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред секоја интервенција, а преку консултацијата ќе го добиете најдоброто решение за вас.

Кога се прави корекција и надополнување на филерите?

Како што рековме, издржливоста на филерот зависи од голем број фактори. Што најчесто се опишува во стручната литература е фактот дека после секое надополнување на хијалуронска киселина во предходно аплицирано место трајноста е поголема! Обично по првата апликација, корекција се врши за 6 месеци, потоа за 9, а потоа и за една година. Но, многу зависи од вашите желби.

Колку милилитри хијалуронска киселина ми требаат за моите усни?

Не сите усни се исти, а и сите пациенти не се исти. Постојат многу фактори во игра. Секогаш е најдобро да се направи добар информативен разговор со доктор кој ќе ви ги даде сите релевантни информации пред секој третман. Многу зависи од анатомијата на лицето, очите, брадата, возраста на пациентот итн. За некои пациенти и нивните желби доволно е да има 1 милилитар хијалуронска киселина, за некои треба многу повеќе. Зошто? Во некои случаи, потпорното ткиво околу усните е спуштено, така што ако го ставите филерот ќе добиете ефект на паткини усни. Затоа лекарите најпрво советуваат да се постави филер во околните структури, на пример, назолабијални бразди, а потоа и во усните. Ова може да се направи во истиот третман. Исто така, некој сака поголем волумен, така што се потребни повеќе филери. Како што рековме, повеќе фактори се во ига.

Кои филери се добри?

Понудата на филери во нашат држава е разновидна, но кој е вистинскиот за тебе? Прашање што сите си го поставуваат. Има едно сурово правило во оваа индустрија: “Добриот филер никогаш не е ефтин, ефтиниот филер не е никогаш добар”, во што сме длабоко уверени од досегашното искуство. Во нашето естетско студио ги имаме најдобрите филери што постојат, меѓу кои и Teosyal®, кој е фаворит меѓу клиентите и е вистински ас во квалитет и трајност.