3D мезонити-Што се и за што служат

413

3D мезонити се нов метод на неоперативно подигнување на кожата на лицето и телото. Принципот на давање потпора на кожата т.н. засилување(армирање) е познат во козметологијата повеќе од 20 години. Добро ни се познати техниките во кои се користат златни влакна или влакна од платина, потоа био-армирање со хијалурон, што претставува метод за зачувување на финиот тон на кожата. Но, овој начин на подобрување на тонот на кожата пројави низа негативни ефекти поради кои не најдоа жирока примена во естетиката. Златната нишка, како и други био-неразградливи материјали, еднаж употребени остануваат во кожата за цел живот за кои клиентот подоцна го ограничува во употребата на други естетски процедури.

Освен тоа и времето на опоравување е уште една негативна особина на овие терапии. Денешното брзо темпо на живот не дозволува на многумина пауза од неколку недели колку што е потребно за опоравување од еден оваков третман. Поради оваа причина, научниците работеле на развивање на нови методи со минимално инвазивен 3Д лифтинг и подмладување со тенки ПДО (polydioxanonskim) нишки.

Опис на тертманот

Кога некој ќе примети и благо виснување на кожата на лицето посакува да ја поткрене, барем малку. 3D мезонити за лифтинг на лицето ви нудат можност да си ја вратите насмевката и свежината која долго ја посакувавте и без општа анестезија, опоравување во болница и долго време на опоравување.

3D мезонити се ресорптивни антисептички нишки од полидиоксанон-a (ПДО) сместени во флексибилни цевки-иигли со специфични карактеристики. Ова им овозможува на лесна имплементација и управување на иглата низ ткивото и третманот е комфорен за пациентот. Иглите се направени од издржлив и флексибилен челик така што не постои ризик од оштетување или деформација. Самите мезонити се направени од биоразградлив материјал и благодарение на тоа тие комплетно исчезнуваат во кожата по околу 90 дена. Нивната цврстина и можност за поставување во неколку насоки и на различни нивоа на кожата ни овозможи да се направи одредена и силна “арматурна мрежа” во кожата, која хармонично се спојува во ткивото, без видливи недостатоци на кожата и ограничени мимики. Околу овие нишки се формира сосема нов колаген во кожата во текот на следните 2 месеци, кој и после ресорпцијата останува и прави природна линија. Целосниот ефект на лифтинг не е видлива веднаш по третманот, но не подоцна од 3 месеци, и постојан е во текот на следните 3-5 години.

Борбата против ефектите на стареење по секоја цена значи обновување на кожата, но и обликот на лицето. Со цел да се постигнат овие две цели, 3D мезонити комбинираат два ефекти: подигнување и регенерација.

3Д мезонити се револуционерен третман за клиенти кои се во потрага по значително подигнување без инвазивен хирушки зафат. Овој третман е погоден и за мажите и за жените кои сакаат да изгледаат помлади, без ограничувањата на традиционалниот лифтинг

Кандидати

Најдобри кандидати за третман со 3D мезонити се луѓе со добра физичка состојба и со разумно нормална дебелина на кожата. Мезонити најчесто се користат за успешно да се отстрани било каква загуба на тонот на кожата и на сите места каде што кожата “виси”. Основни индикации се: многу изразени назолабијални брчки, вертикални и хоризонтални брчки на челото, солзни бразди, периорбитален брчки, пушачки линии, брчки пред или зад увото, опуштен завршеток на веѓите, брчките на вратот и деколтето, лабава кожа на рацете, бутовите, колената и задникот.

Подготовка

За третманот со 3D мезонити не бара никакви посебни подготовки. Сепак, ние препорачуваме на консултација со вашиот доктор. Да поставите разни прашања и да поразговарате околу вачите очекувања. Кажете му на вашиот лекар за сите третмани кои сте ги поминале досега, како и лековите кои моментално ги земате.