Anti-age природни совети што вредaт да се пробаат (1дел)

921

Зачувајте Го Вашето Тело Младо Со Овие Совети

Совети за anti-age за луѓе склони на вечна младост може да ви помогне да остане млад и здрав. Ние сите би сакале да живееме здраво и да бидеме без брчки и во 90тата година од животот, но за жал горката вистина е дека ништо не може да го запре стареењето.Ова е особено точно во денешниот свет, кој се соочува со старечки катализатори како што се токсини од животната средина, храна исполнета со хемикалии, лоши хранливи вредности и опасни искушенија. Сепак, ние можеме да го успориме забрзаниот процес на стареење со тоа што ќе направиме подобри избори. Неколку успешни студии за стареење покажаа дека изборите во животот се две третини од што може да се предвиди колку добро ќе старееме. Сите ги имаме слушнато советите за стареење:

    • Да се јаде овошје и зеленчук богати со витамини во изобилие
    • Да се намали конзумирањето на алкохол
    • Да се прекине со пушење
    • Да се вежба редовно
    • Да стоиме настрана од директно изложување од сонце
    • Да се пие големо количество на вода
    • Да се медитира

Овие совети се одлични, но има уште повеќе што можеме да направиме. И вие не треба да земате синтетички додатоци или да користите вештачки состојки со непроверен квалитет на вашата кожа за да го направите тоа. Многу од истакнатите производи против стареење на пазарот се преполни со штетни хемикалии кои во спротивно ќе ве остарат побрзо. Искористете ги природните најдобри состојки и докажете дека можете да остарете успешно. Ви приложуваме седум природни anti-age тајни кои можете да ги примените:

Tип #1: Користете озонирани масла

Човековото тело е изградено да се детоксицира преку кожата, а кислородот е витален фактор во процесот. Во последните 200 години нивото на кислород е опаднато близу 20% во повеќето места. Еден од најдобрите начини да внесете кислород во кожата е преку озонираните масла. Тие ја навлажнуваат кожата, го подобруваат изгледот на фините линии и старечките дамки, ја смируваат кожата од црвенило, се борат против инфекции како што се гингивитис и ги лечат исекотините, изгореници и убоди.

Тип #2: Никогаш не ја потценувајте ја силата на Алое Вера

Алое вера е богата со витамини, минерали, амино-киселини, масни киселини и вода. Нејзиниот висок воден состав ја прави врвен навлажнувач и хидратор за вашата кожа, но Алое вера е многу повеќе. Коа се користи топично, Алоето ја зголемува еластичноста на кожата. Гелот од Алое вера исто соджи јаболкова киселина, и киселина што помага за редуцирање на брчките,цинк, минерал што ги намалува порите и го подобрува создавањето на колаген.
Што е толку добро во врска со Алое вера е тоа што неговиот лист е богат со фибер и хранливи материи кои го снабдуваат телото со внатрешни бенефиции.
Истражувањата покажуваат дека, кога се конзумира како пијалок, може да ја смири поставата на дигестивниот тракт, да го намали воспалението, да го подобри опоравувањето од чир во желудникот и цревата, и да му помогне на имунолошкиот систем да ги отстрани токсините користејќи ги своите анти-вирусни, антибактериски , и анти-габични својства. И детоксикација која секогаш води кон anti-age.
Водете сметка да козумирате Алое вера интерно и екстерно.

Тип #3: Прекинете со конзумирање на шеќер

Внесување на процесиран шеќер во организмот ќе го намали колагенот во вашата кожаи ќе доведе до појавување на брчки порано на вашето лице. Меѓутоа, пилинг на база на шеќер може да биде одлично за вашата кожа. “Ексфолирањето е толку добро за кожата, давајќи и свеж сјај и ги отстранува сите нечистотии”, објаснува естетскиот и холистичкиот гуру Тамми Фендер.
Пробајте мешање на шеќер со сок од лимон, комбинација која ќе ја направи вашата кожа да се изедначи. Кристалите на шеќер се добри за пилинг на кожата и ги отстрануваат мртвите слоеви. Сок од лимон содржи алфа хидроксидна киселина, која исто така ја отстранува мртвата кожа. Мешањето на двете заедно го ослободува вашиот moisturizer за лесно да навлезат во порите и да ја хидратираат вашата кожа.