PBSerum

МЕЗОТЕРАПИЈА СО PBSERUM

Третманот се состои од инфилтрација (интрадермална инјекција), преку површина што треба да се третира, преку комбинација на три ензими (коктел од ензими) за време на неколку сесии препорачани од специјалист, гарантирајќи пролонгирани и многу ефективни резултати. Ова генерира намалување на некои специфични патологии (како целулит, локализирана маст, флакцидитет, итн).

Оваа биотехнологија користи серија на лиофилизирани ензими кои кога се во интеракција со телото, можат да генерираат изненадувачки промени.

Процесот на лиофилизација

Овој метод се состои од дехидратација на активните состојки преку нивно замрзнување. Потоа, тие сублимираат – процес кој го елиминира мразот создаден со негово пренесување од цврста состојба во гасовита состојба. Активните состојки се произведуваат во стерилни услови и се чуваат во суви услови.

Придобивките за производот

Био-активните ензими поминуваат низ процесот на лиофилизација за да ја зачуваат нивната ефикасност повеќе од 15 години без да ја менуваат својата активност на било кој начин. На овој начин состојките зачувуваат 100% од нивната активност и сите својства на витамини без потреба од конзерванси или други адитиви. Затоа во исто време тие се 100% биолошки и алтернатива на хемиски производи.

PBSerum SLIM е единствена формулација врз основа на LIPASA PB500, на база на хијалуронска киселина, со силна липолитичка активност. LIPASA PB500 е ефикасен ензим кој селективно ги растворува акумулираните липиди, со што употребата на PBSerum SLIM е многу погодна за намалување на било кој тип на локализирани масти (абдомен, странични масни наслаги, бедра, колена, раце, вилица). Покрај тоа, неговата исклучителна формулација го подобрува изгледот на кожата, давајќи и плус на мекоста и хидратацијата.

PBSerum SMOOTH е ексклузивна микроемулзирана формулација, базирана на активноста на COLAGENASE GH PB220, со висок капацитет за намалување на појавата на “кора од портокал”. COLAGENAZE GH PB220 е ефикасен ензим кој делува на стврднатите акумулации на фиброзни нодули, растворувајќи ги колагенските влакна што се акумулираат околу адипоцитите и кои се одговорни за формирање на целулитни нодули и појава на кора од портокал. Покрај гладкиот и мазен изглед на кожата, PBSerum SMOOTH постигнува многу баран ефект на зацврстување.

PBserum DRAIN е ексклузивна, дренажна формулација базирана на интензивна PB30000 хијалуронидаза, многу ефикасна за задржување на течностите. Се препорачува за: Задржување на важните течности, Напреден и бунтовен едематозен целулитис, Корекција на грешки при инјектирање на хијалуронска киселина, 100% биолошки и пријателска со кожата.

МЕДИЦИНСКИ ПРИМЕНИ НА ОВОЈ ТРЕТМАН
• Локализирани телесни масти
• Локализирани масти на лицето
• Омекната кожа
• Фиброза
• Очните капаци на возрани
• Целулитис
• Подкревање на задникот
• Стрии
• Лузни од акни
• Хпертрофични, Келоидни и Атрофични лузни
• Корекција на полначи хијалуронска киселина
• Лузни од изгореници
• Липоми

Број на сесии
Бројот на коктели, како и бројот на потребни сесии, варира од 2 до 4 сесии, и варира од пациент до пациент според нивните физиолошки карактеристики, тоа се одредува на консултацијата со стручно лице.
Важно е да се спомене дека во една сесија може да бидат употребни неколку коктели, како и секој пациент може да има потреба од повеќе од 1 сесија за да ги добие предложените цели.

Цена
Трошокот варира во зависност од областа или областите што треба да се третираат, и очекуваните реултати; и се одредува за време на консултаијата.

ПОСТ-ТРЕТМАН:
• Соработката на пациентот во пост-третманската грижа е важна за добар конечен резултат на третманот.
• По секој третман може да се појави благо црвенило на кожата, кое се смирува по неколку часови.
• Потребни сесии: помеѓу 2 и 4 приближно (варира од пациент до пациент и според медицинска проценка).
• Пијте многу вода.
• Одмарајте повеќе во првите 3 дена.
• Во случај на чувство на болка или треска, Ацетаминофен, не земајте NSAID (ибупрофен, Диклофенак, индометацин …), бидејќи го прекинува ефектот на третманот.
• Се препорачува да се користи локална колагеназа или хијалуронидаза ензими PBSerum, два пати на ден.
• Намалување или елиминирање на внесот на јаглени хидрати во првите 5 дена, а потоа одржување на нормална исхрана.
• Користете заштита од сонце.
• Не вежбајте во првите 24 часа.
• Во некои случаи може да биде неопходно да се користи во комбинација со други третмани според препораката на лекарот.
• Бројот на сесии е персонализиран, резултатите може да се разликуваат помеѓу пациентите.

Следете не на социјалните мрежи
Facebook
Google+
http://phibrowsmacedonia.com/pbserum
Twitter
Instagram