PhiBrows Aftercare

Пост-третман на PhiBrows

30тина минути по третманот измијте ги веѓите со неутрален сапун(детски). Одстранете ја насобраната лимфа и претходно нанесената крема. Од кога ке ќе биде кожата чиста нанесете PhiShield(специјална крема за aftercare што ви ја даваме со третманот).

Повторете ја постапката 3 до 5 пати во текот на денот. Ако третманот е направен во попладневните часови нема потреба да се прави 3 до 5 пати до крајот на денот.
Прекријте ги веќите со пластична/најлонска фолиија.
Претходно веќите се премачкани со заштита, и на тој начин ќе ги заштитите од пресушување и да исчезнат преку ноќ.

Во наредните 7 дена одржувајте ја хигиената на лицето и после секое миење на лицето нанесувајте од PhiShield.
PhiShield може да го користат сите типови на кожа поради неговата природна структура и природни активни состојки што ја регулираат маснотијата.
Што да се избегнува:
Во текот на првата седмица сите креми(освен за заштита), секаква шминка со пределот на веѓите, физички вежби што предизвикуваат прекумерни потење, сауна, масажи на лице и водена пареа(инхалација).

Во наредните 30 дена избегнувајте директно сонце(сончање), солариум, светлосни терапии, хемиски пилинзи, овошни киселини, микродемабразија, креми што содржат фактори на регенерација, ласерски третмани во пределот на очите(ласерот ја оштетува пигментацијата и предизвикува изгореници).
Користење на антибиотици и хормонална терапија доведува до брзо исчезнување на пигментот.
Секогаш заштитувајте ги веѓите од директно сонце со SPF(но не и првите 7 дена).