PhiBrows®

Што е PhiBrows?

PhiBrows алатки

PhiBrows е рачна техника на полутрајна шминка за исцртување на веѓи. Самата форма на веѓите се пресметува спред златниот пресек (phi 1,618) и морфологијата на лицето. Пигментот се нанесува на површниот слој од дермисот користејќи стерилни алатки.

При одбрирање на пигментот се води сметка бојта да се совпаѓа со природната боја на влакната на веѓите. По заздравувањето, бојата може да биде неколку нијанси посветла од природната боја. Симетријата се постигнува со PhiBrows апликацијата, а мерењето се обавува клиентот да е во лежечка состојба и да е со затворени очи. На тој начин сите мускули на лицето се релаксирани и не дозволува никакво изобличување на лицето додека се врши мерењето. Исцртувањето на веѓите секогаш се врши во насока на растењето на природните влакна за да се постигне хипер-реалeн изглед. Третманот се изведува со стерилни инструменти за една употреба(PhiBrush) и пигменти на природна база произведени во согласност со највисоки стандарди(PhiBrows microblading pigments).

Корекција се извршува еден месец после првиот третман затоа што 10 до 15% од исцртаните влакна исчезнуваат. Бојата е исклучително темна во првите 5 до 7 дена. После 7миот ден се губат 40 до 50% од интензитетот. Доколку мислите бојата е премногу темна, во никој случај не покушавајте да ја отсраните самите. Трпеливо почекајте 7 дена за бојата да избледи самата по процесот на заздравување на кожата. Времетраењето на бојата примарно зависи од масноста на самата кожа. Колку помасна кожа – толку пократко трае бојата. Потењето и изложување на директно сонце ја избледуваат бојата. Во просек очекувано време до наредното освежување на бојата е 10 до 12 месеци, за масна кожа до 6 месеци.

Целосното заздравување е завршено по 28 дена и тогаш се препорачува дополнување на изгубениот пигмент.Со проблематична и масна кожа треба да се изведат и неколку надополнувања (корекции). Пост-третманот го прави 70% успехот од целокупниот третман. Придржувајте се на советите за негување, затоа што во спротивно може да се доведе и до 80% загуба на исцртаните влакна. Хигиената и нанесување на прописна заштитна крема е од огромно значење за третманот.

Болката за време на третманот е релативна. Исплашените клиенти и клиентите што имаат месечен циклус обично осеќаат поголема болка, додека останатите ја споредуваат болката со рачно чупање на веѓите. За време на третманот може да се користи и локална анестезија за намалување/елиминирање на болката.

Лајкнете и следете не на социјалните мрежи
Facebook
Google+
http://phibrowsmacedonia.com/phibrows
Twitter
Instagram

PhiBrows галерија