Прашања/Одговори

Најчести прашања за PhiBrows

Целокупниот третман се состои воглавно од 2 дела

1дел. Првичниот дел одзема околу еден и пол час. Во тоа време е предвидена првичната консултација, избирање на нијансата(бојата), ицртување на контурите на идните веѓи и одобрување на финалниот изглед од страна на клиентот. Од кога клиентот е во потполност задоволен со основната форма(контура) и симетрија, се исцртуваат влакната и се нанесува пигментот.

2дел. Вториот дел од третманот (не е обавезен но строго се препорачува) е повторување(освежување) на веќе исцртаните влакна и одзема околу 40тина минути. Обично повторувањето се прави по околу еден месец од првиот третман, време предвидено за комплетно заздравување на кожата и пигментацијата да се удоми во кожата. Во светот на трајната и полутрајната шминка многу често се случува благо избледување на нијансата или комплетно исчезнување на одредени влакна од исцртаните, затоа се препорачува вториот третман(повторувањето) за да се спречи понатамошното бледеење на веѓите со тоа се продолжува и трајноста на истите.

Некои естетичари потенцираат на 2 до 5 години, но праксата покажала дека нема гаранција за времетрењето, кај секој клиент е индивидуално во зависност од многу фактори(масна кожа, пост-треман, хигиена итн.) Ако се земе некоја средина од веќе изработените тремани искуството покажало дека траат од 12 до 24 месеци каде има случаи да траат и многу подолго. Кај клиенти со посветла нијанса на влакната се препорачува почесто повторување за се задржи свежиот и богат изглед на веѓите.

Во техничка смисла на сборот, трајната козметика се подразбира како трајна затоа што бојата(пигментот) се нанесува длабоко во кожата поточно во горниот слој на дермисот и неможе да биде измиена со вода, но исто како и тетоважите бледеењето со тек на време е нормална појава и се препорачува повремено повторување(освежување) на боите.

Воглавно не боли, меѓутоа секој човек има различно ниво на осетливост на кожата, така да во третманот се користат и локални анестезии за да се елиминира болката и дисконфортот кај клиентот.

По првиот третман исцртанта зона е потемна и поинтензивна(густа) од природната нијанса. Со тој интензитет веѓите ке бидат и во наредните неколку дена додека кожата се намири и вистинската боја и густина дојдат до израз. Во пракса само клиентот ќе за забележи целокупната промена на лицето, додека околината само ќе забележи дека “нешто” е променето.

Сите кои:

– користат секојдневна шминка
– страдаат од Алопезија или имаат проблем со опаѓање на коса
– имаат активен или атлетски lifestyle
– се незадоволни од обликот и симетријата на природните веѓи
– сакаат да заштедат време во текот на зафатениот ден
– сакаат повеќе самодоверба
– имаат проблем со видот додека нанесуваат шминка
– имаат масна кожа
– имаат лузни од повреда и изгореници
– сакаат константно перфектен изглед во секое време

Најчести прашања за PhiLings

I am item content. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
I am item content. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.